Кошарка

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

Познато е кој ќе игра во НБА Европа

НБА конечно ги откри првите детали за долгоочекуваниот проект „НБА Европа“, кој треба да стартува во следните две години.

Новата лига ќе вклучува меѓу 12 и 16 клубови од најголемите европски градови, а целта е проширување на брендот на НБА и зајакнување на врските со европската публика.

Според информациите, меѓу градовите кои ќе имаат свои претставници се Лондон, Париз, Мадрид, Барселона, Милано, Берлин, Атина и Истанбул. Секоја од овие екипи ќе има лиценца со долгорочен мандат, а дел од местата ќе бидат отворени за квалификации преку националните лиги.

Во рамки на подготовките за проектот, НБА веќе најави неколку сезонски натпревари во Европа – Мемфис и Орландо ќе играат во Берлин и Лондон во јануари 2026 година.

Очекувањата се дека „НБА Европа“ ќе стартува кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година и дека ќе претставува нова ера во развојот на европската кошарка.

To top