Лука Дончиќ и Јанис Адетокунбо ќе ги предводат тимовите во западната и источната конференција на престојниот ол-стар натпревар.
Стартери на Западот се Никола Јокиќ (Денвер), Стеф Кари (Голден Стејт), Лука Дончиќ (Лос Анџелес Лејкерс), Шаи Гилгес-Александар (Оклахома) и Виктор Вембањама (Сан Антонио).
Во Источната конференција, своето место меѓу стартерите го обезбедија Јанис Адетокунбо (Милвоки), Џејлен Браун (Бостон), Џејлен Браунсон (Њујорк), Кејд Канингем (Детроит) и Тајрис Макси (Филаделфија).
Ол-стар натпреварот во 2026 година ќе се игра во нов формат.
Наместо класичниот натпревар Исток наспроти Запад, ќе биде организиран мини-турнир на кој ќе учествуваат два тима составени од американски играчи и еден тим од меѓународни кошаркари, таканаречениот „Тим на светот“.
Три екипи ќе играат по принципот „кружен систем“, при што секој натпревар ќе трае 12 минути. Секој тим ќе има минимум осум играчи.
Ќе бидат избрани вкупно 24 кошаркари за Ол-стар натпреварот, по 12 од секоја конференција.
Овогодинешниот Ол-стар натпревар, кој се одржува во Лос Анџелес, ќе се игра од 13 до 15 февруари.