Кошарка

Познати се сите парови за разигрувањето во Евролигата (ФОТО)

Познати се сите парови за разигрувањето во Евролигата (ФОТО)

Со трите средби на кои победи забележаа Барселона, Панатинаикос и Анадолу Ефес заврши регуларниот дел од оваа сезона во кошаркарската Евролига.

Каталонците се препотија против отпишаната Виртус Болоња, но на крајот собраа сили и славеа со 91:87 што го однесе директно во плејофот каде за ривал ќе го имаат Монако. Пантер со 20 кошеви беше лидер, ама двоцифрени беа уште петмина играчи Пара, Андерсон, Паркер, Бризуела и Саторански.

Шенгелија пак со 17 кошеви беше број еден кај италијанскиот претставник.

Панатинаикос ја доби драмата со Црвена Звезда со 111:104 и тоа по дополнителни минути во Атина, а Анадолу Ефес оствари рутинско славје над Жалгирис од 87:77.

Засега има потврдено само уште еде официјален пар за четвртфиналето и тоа Панатинаикос-Анадолу Ефес. додека Олимпијакос и Фенербахче ќе ги чекаат плејин битките за да ги дознаат противниците.

Тука ги имаме Реал Мадрид-Париз и Баерн Минхен-Црвена Звезда.

To top