Веќе официјално се познати два пара за четвртфиналето, Барселона-Олимпијакос и Монако-Фенербахче.
Реал Мадрид и Панатинаикос ќе мора да ги почекаат противниците, односно разврската во плејинот, фаза која е воведена од оваа сезона.
Победникот од Макаби и Басконија ќе го заземе седмото место и во плејофот оди на Панатинаикос. Поразениот пак ќе има уште една шанса да дојде до разигрувањето на пехарот и тоа со подобриот од Анадолу Ефес и Виртус Болоња.
На крајот тој што ќе остане ќе оди на мегдан со Реал Мадрид кој во регуларниот дел ја освои првата позиција.