По комплетирањето на групната фаза на женскиот кошаркарски турнир, познати се и четвртфиналните парови на Олимписките Игри.
Според пропозициите на ФИБА, паровите се одредуваат преку ждрепка. Среќата посака главните фаворити да се на спротивната страна на костурот.
САД го брани златото и ќе игра со Нигерија, а на нивната страна се Србинките кои ќе играат против Австралија.Франција ќе игра со Германија, додека Шпанија ќе се сретне со Белгија.
Сите четвртфинални натпревари се играат в среда.
- Четвртфинални парови на женскиот кошаркарски турнир на ОИ:
7 август
Србија – Австрлија (11:00 часот)
Шпанија – Белгија (14:30 часот)
Германија – Франција (18:00 часот)
Нигерија – САД (21:30 часот)