Во Кошаркарската Федерација на Македонија се состанаа 12-те претставници на прволигашите, а откако беа извлечени редните броеви, стана јасно како ќе изгледа првата рунда во новата сезона.
Добиените редни броеви надополнети со Бергеровиот систем експресно го дадоа ликот на првото коло во новата сезона, но во продолжение беше извлечен и целиот распоред.
Бранителот на титулата МЗТ Скопје во воведното коло ќе отвори против Шкупи на домашен терен, веќе во второто ќе има голема дерби пресметка против Еурофарм Пелистер, а интересно во третото е „вечното дерби“.
Работнички ќе го пречека МЗТ на домашен терен во третата рунда, додека тимот од центар новата сезона ја почнува против екипата на Феникс 2000.
Двојки за првото коло во Првата лига:
Тиквеш – Пелистер
Вардар – Гостивар
Работнички – Феникс 2010
ТФТ – Куманово
МЗТ Скопје – Шкупи
Чаир 2030 – Кожув
Првенството стартува викендот на 5 и 6 октомври, а претходно во Суперкуп пресметката силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и Пелистер на крајот на месец септември.