Со комплетирањето на натпреварите од 11.коло, заокружен е првиот дел во машката кошаркарска Супер лигата.
Пласманот на табелата го одреди и „косрурот“ за разигрувањето во Купот на Македонија.
Новитет годинава во ова натпреварување, е што ќе играат сите 12 екипи, наместо како досега осумте прво пласирани. Сепак, сите тимови нема да почнат од првата елиминациска (осминафинална) фаза.
Неа ќе ја прескокнат првопласираните четири екипи: ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув и Пелистер. Овие екипи директно се пласираа во четвртфиналната фаза. Останатите осум, ги формираа двојките за осминафиналето.