Славната американска кошаркарка, Дајана Таурази, официјално заминува во пензија и објави крај на својата исклучително богата кариера.
42-годишната Таурази шест пати го освојуваше олимпиското злато и постави рекорд во ВНБА лигата за најмногу постигнати поени во историјата. Двапати беше прогласена за МВП на финалните серии и освои три шампионски прстени.
Американката има вкупно 10,646 поени во кариерата, скоро 3000 повеќе од втората на вечната листа, Тина Чарлс. Кариерата ја започна во Феникс Меркјури, а потоа играше уште за Динамо Москва, Спартак Москва, Фенербахче, Галатасарај и Екатеринбург.