Кошарка Куманово

Пораз за македонските кошаркари на стартот на претквалификациите за СП 2027

Шанса за прва победа избраниците на селекторот Марјан Илиевски ќе бараат следниот меч на гостувањето во Унгарија.

Пораз за македонските кошаркари на стартот на претквалификациите за СП 2027

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027.

Во натпревар исполнет со многу резултатски промени, на крајот пресуди последната четвртина во која Романците одиграа подобро, и направија „брејк“ на почетокот од натпреварите во групата „Е“.

Вајли со 28 поени беше прв стрелец во составот на Македонија, двоцифрени беа и Митревски и Мекиќ со по 10 поени.

Шанса за прва победа избраниците на селекторот Марјан Илиевски ќе бараат следниот меч на гостувањето во Унгарија. (МИА)

To top