Кошарка

Пораз на ТФТ во АБА 2 лигата

Пораз на ТФТ во АБА 2 лигата

Кошаркарите на ТФТ претрпеа нов пораз во регионалната АБА 2 лига откако во вечерва загубија од Широки со 85:72 (15:15; 22:25; 20:12 и 28:20).

Ова за екипата на ТФТ е втор пораз по четири одиграни дуели.

Македонскиот претставник беше рамноправен ривал во првиот дел, а во неколку наврати и на полувремето имаше водство од 40:37.

Но, сепак двата загубени периода во вториот дел од по осум разлика донесоа нов пораз за избраниците на Боро Смилковски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Пол Кери кај домашните беше најпрецизен со 19 поени, додека кај ТФТ Стенли Дејвис Џуниор реализираше 16.

ТФТ следниот натпревар во АБА 2 лигата го игра на 23.декември во Бања Лука против Борац.

To top