Кошарка

Пораз на ТФТ од Јахорина Пале

Пораз на ТФТ од Јахорина Пале

Кошаркарите на ТФТ го загубија последниот натпревар од регуларниот дел од АБА 2 лига од тимот на Јахорина Пале на гости со 92:84 (21:18; 32:17; 23:34 и 16:15).

Со овој пораз ТФТ оваа фаза ја заврши со скор од 5-3 (победи/порази).

Првиот период во изедначена игра и заврши со три поени предност за домашниот тим.

Но, во вториот период ТФТ одигра слабо во одбраната и противникот втората четвртина ја доби со 32:17 и на полувреме водеше со 53:35 што беше и највисока предност. Во третиот период македонскиот претставник беше на висина на задачата во нападот и го доби периодот со 34:23, но играчите немаа сили за комплетен пресврт.

Марко Ковачевиќ од Јахорина беше најефикасен со 25 поени, а кај ТФТ Стенли Дејвис Џуниор и Дарин Антони Говенс постигнаа по 21 поен.

Во моментот ТФТ се наоѓа на шестото место на табелата, а пласман во разигрувањето ќе обезбедат осумте првопласирани екипи. ТФТ има обезбедено учество во плеј офот, но не е позната позицијата.

Вториот македонски тим МЗТ Скопје Аеродром последниот дуел ќе го одигра на 10.март на гости против Широки.

To top