Во својот прв натпревар од новата сезона во Евролигата кошаркарите на Олимпија Милано претрпеа пораз на гостувањето кај Монако со 93:80. Своето деби во елитното клупско натпреварување го имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на италијанскиот клуб.
Нашиот плејмејкер беше втор стрелец во својот тим со 11 поени, шест скокови и пет асистенции за 24 минути на паркетот, а исто така и З. ЛиДеј постигнаа 11 поени.
Поефикасен од Димитријевиќ и З. ЛиДеј беше само Американецот А. Брукс со 16 поени. На спротивната страна доминираше А. Диало со 20 поени (пет скокови, четири асистенции), додека Е. Окобо реализираше 14 поени (четири асистенции).
Следниот евролигашки предизвик Олимпија Милано ќе го има на 11 октомври на домашен терен против Париз.
Евролига, четврток
Алба Берлин – Панатинаикос 77:87, Монако – Олимпија Милано 93:80, Жалгирис Каунас – Барселона 74:67, Басконија – Партизан 88:82, Баерн – Реал Мадрид 88:72, Макаби Тел Авив – Лион Вилербан 89:82.