Кошарка

Поранешен НФЛ играч станува кошаркар

Поранешен НФЛ играч станува кошаркар

Поранешниот НФЛ играч, Девин Фансис (29), е првиот играч од професионалниот американски фудбал кој професионално ќе се испроба и во кошарката.

Американските медиуми пренесуваат дека Фансис потпишал договор со тимот на Карибиан Сторн Љанерос, кој се натпреварува во колумбиската елитна лига.

Зад Девин се седум години играње во НФЛ лигата, а најдлабока трага остави во тимот на Каролина Пантерс (три сезони). Тој исто така играше и за Индијанаполис Колтс, Грин Беј пекерс, Сан Франциско Фортинајнерс и Детроит Лајонс. Неговиот последен ангажман во НФЛ беше пред две години.

Во исто време играше и кошарка, иако рекреативно, но секогаш имаше силна желба да се испроба во професионалните води.

Му кажав на мојот дедо кога бев дете дека еден ден ќе освојам Супербол и дека ќе направам кариера во кошарката, изјави неодамна Фансис.

To top