Кошарка

Поранешен НБА кошаркар се бори за живот

Поранешен НБА кошаркар се бори за живот

Членот на легендарниот состав на Сакраменти кингс од почетокот на 21 век, Скот Полард, се соочува со сериозни здравствени проблеми, кои можат да бидат решени само со трансплатација на срце.

На поранешниот соиграч на Предраг Стојаковиќ и Владе Дивац пред три години му била дијагностицирана истата срцева болест од која пред 30 години починал неговиот татко, а американските медиуми јавуваат дека е проблем да се најде соодветен орган за поранешниот кошаркар, кој е висок 211 сантиметри, кој е на листа на чекање во три болници.

Полард изминатиов период имаше бројни интервенции, три неуспешни аблации на срцето, инсталирање на дефибрилатор, третмани со лекови, но ништо не му помогна.

Во неодамнешното интервју за „Индијанаполис Стар“, некогашниот „крал“ го спореди чекањето за трансплантација со добивањето на лотарија.

To top