Кошаркарскиот клуб Цибона од Загреб се раздели со тренерот Јакша Вулиќ, а за негов наследник го наименува помошникот Бариша Красиќ.
Красиќ е поранешен играч на голем број клубови, меѓу кои и Цибона и Работнички. За центарци играше во 2014 година.
Цибосите имаат 3-7 по десет кола во АБА-лигата, а дебито на Красиќ на клупата ќе биде против Сплит.