Кошарка

Почина легендарниот НБА кошаркар Бил Волтон

Почина легендарниот НБА кошаркар Бил Волтон

На 71-годишна возраст почина поранешниот МВП во НБА лигата и член на Куќата на славните, Бил Волтон, легендарниот центар ја загуби битката со ракот.

Волтон е драфтуван во 1974 година од Портланд каде одигра пет сезони и освои една титула, беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната и на финалето.

Следните шест години ги помина во Лос Анџелес Клиперс кои тогаш играа во Сан Диего, а кариерата ја заврши во Бостон Селтикс со кој освои уште една круна.

Неговиот дрес со број 32 е пензиониран од страна на Портланд.

To top