Легендарниот кошаркар, тренер и генерален менаџер, Џери Вест, починал денеска на 86-годишна возраст, пренесоа американските медиуми.
Големото име во кошаркарската историја заминува како вистинска легенда, со многу индивидуални и тимски успеси во сите фази од својата кариера во спортот.
Вест беше предводник на Л.А Лејкерс, тим во кој ја мина целата кариера и со кого освои една НБА титула, потоа беше тренер, како и генерален менаџер со уште многу повеќе освоени трофеи во најсилната кошаркарска лига во светот.
Лејкерс го повлекоа употреба дресот со број 44 токму во корист на Вест, а се чини дека најголема чест за него е што НБА логото е направено според неговата силуета.