Кошарка

Почина еден од најважните луѓе во историјата на Голден Стејт Вориорс

Почина еден од најважните луѓе во историјата на Голден Стејт Вориорс

Членот на кошаркарската куќа на славните и легендата на Голден Стејт Вориорс, Ал Атлес почина во вторникот на 87-годишна возраст. Атлес, кој влезе во Куќата на славните во 2019 година, беше играч, тренер и генерален менаџер на Вориорс повеќе од две децении.

Атлес беше избран од Филаделфија Вориорс во петтата рунда на драфтот во 1960 година. Тој се појави на 711 натпревари во најсилната лига на светот и имаше просек од 8,9 поени, 3,5 асистенции и 3,5 скока.

Кога легендарниот Вилт Чембрлен постигна 100 поени на натпреварот помеѓу Вориорс и Њујорк Никс на 2 март 1962 година, Атлс постигна 11 поени.

По завршувањето на својата играчка кариера веднаш се префрли на тренерската работа и стана еден од првите црнци тренери во историјата на НБА. Тој беше тренер на Вориорс од 1970 до 1983 година и го предводеше тимот до титулата во НБА во 1975 година во четири натпревари над Вашингтон Булетс.

Атлес подоцна работеше како генерален менаџер на Вориорс три сезони и имаше улоги како потпретседател и консултант. Франшизата го повлече неговиот дрес со број 16.

Покрај тоа што беше примен во Меморијалната куќа на славните на Нејсмит во 2019 година, тој ја доби и наградата за животно дело на Џон Р. Бан од Куќата на славните во 2014 година.

To top