Кошаркарите на Куманово триумфираа на домашен терен против Кожув со 99-69, додека Тиквеш го надигра Шкупи со 106-92.
Урош Луковиќ постигна 19 поени за Куманово, додека Стевановиќ запиша 14 поени за Кожув.
Тиквеш и Шкупи понудија одлична кошарка во првата и втората четвртина, по што на паузата со водство од еден поен (47-46) замина скопскиот тим.
Екипата од Кавадарци заигра подобро во третата четвртина и го свртеа мечот во своја корист, а на крајот триумфираа со 106-92.
Хил и Григоријевиќ постигнаа по 23 поени за Тиквеш, додека Секој Сила запиша 38 поени за Шкупи.
Eкипата на Феникс славеше победа од 86-77 и така ја продолжи кризата во редовите на битолски Пелистер додека кошаркарите на ТФТ издвојуваа драматична победа над Работнички од 81:79 во скопската пресметка во 17. коло во Првата лига.