Кошарка

Победи на МЗТ Скопје,Гостивар,Шкупи и Кожув во 4-та рунда од кошаркарскиот шампионат

Победи на МЗТ Скопје,Гостивар,Шкупи и Кожув во 4-та рунда од кошаркарскиот шампионат

Домашните екипи доминираа на четирите мечеви кои се одиграа вечерва во рамките од четвртото коло на Прва кошаркарска лига.

Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром славеше против МКК Куманово со 78:71. Гостивар славеше против Пелистер со 77:66 во меч на кој домаќините водеа во најголем дел од средбата, а највисоката предност ја имаа во третата четвртина кога беше 60:40.

Кожув беше убедлив и со 85:64 го победи Тиквеш, а сигурна победа оствари и Шкупи против вардар и тоа со 89:68. Утре ќе се одигра дуелот меѓу Работнички и Чаир.

To top