Екипата на Фенербахче на домашен терен дојде до победа над Жалгирис (80-78) и останува во игра за фајнал-фор турнирот во Евролигата.
Херој на турскиот тим е Дорси, кој даде смешен кош на крајот. Кошаркарот ја фрли топката во воздух и таа заврши во обрачот со звукот на сирената. Токму Дорси даде 19 поени за победникот, а кај Жалгирис, Еванс исто така заврши со 19 поени.
Панатинаикос приреди изненадување и го победи Монако на гости (91-90). Искусниот Костас Слукас беше лидер кај „детелинките“ со 17 поени, а неговата партија не успеаја да ја неутрализираат Диало и Џејмс кои за францускиот клуб дадоа по 17 поени.
Олимпија Милано дома беше убедлива со Лион (81-64). Мели и Шилдс беа лидери кај „манекените“ со 17 и 13 поени. Ловерњ беше прв поентер кај францускиот тим со 12 постигнати поени.
Убедлив беше и Баерн Михен кој беше подобар од Анадолу Ефес (86-71), предводен од германските репрезентативци Обст и Бонга.