Специјална Олимпијада Северна Македонија заедно со Кошаркарска Федерација на Северна Македонија го организира дваесеттото издание на Европската кошаркарска недела.
Настанот ќе се организира на 25 ноември (сабота) со почеток од 09.00 часот во Спортско Рекреативниот Центар „Кале“ (Голема сала), Скопје.
Европската кошаркарска недела 2023 ќе опфати 3Х3 basketball во чии рамки лицата со интелектуална попреченост ќе се натпреваруваат заедно со нивните партнери во Јунифајд (Unified) тимови.
Преку земање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со ФИБА и Кошаркарската Евролига, Специјална Олимпијада Северна Македонија повикува на еднаквост и ја нагласува потребата за еднакви можности за сите.
Во рамки на настанот, обраќање ќе имаат претставници на Кошаркарска Федерација на Северна Македонија, Специјална Олимпијада Северна Македонија, Фонд за население на Обединетите нации – УНФПА, како и Спортски амбасадор на Агенција за Млади и Спорт.
Настанот е поддржан од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА. Да ги бодриме атлетите и да ја дадеме нашата поддршка кон поттикнување на еднакви можности за сите.