Ландо Норис забележа нова победа и втор викенд во низа топи предност зад водечкиот Оскар Пиастри во борбата за титулата во Формула 1.
Возачите на Мекларен беа убедливо најбрзи на трката за Големата награда на Обединетото Кралство, откако единствениот вистински конкурент Макс Верстапен направи голема грешка.
Шампионот тргна прв, ама немаше сили да го одбрани првото место и Пиастри ја презеде водечката позиција.
Сепак, Австралиецот добие казна поради нелегално кочење при рестарт, а два круга подоцна и Верстапен се изврте. Ситуацијата ја искористи во целост Ландо Норис кој профитира од казната на тимскиот колега и глатко победи во трката.
Сензационално прв пласман на подиумот забележа Нико Хулкенберг. Германскиот ветеран кој дебитираше пред 15 години никогаш досега немаше пласман меѓу првите три, а сега се најде на вистинското место во вистинското време. Иако тргна од 19. позиција Хулкенберг возеше маестрално и на крајот го одбрани третото место за историски пласман за себе, но и враќање на Заубер на подиумот.
Трката на „Силверстоун“ инаку понуди огромна драма, дождот пред и за време на трката доведе до премногу возбудувања, многу извртувања и дури пет откажувања. Зад водечката тројка на крајот се пласираа Хамилтон, Верстапен, Гасли, Строл, Албон, Алонсо и Расел.
Предноста на врвот се стопи, Пиастри има 234 бода, а сега тимскиот колега Норис пријде доста близу на „минус осум“ бидејќи има 226. Кај конструкторите Мекларен убедливо води со 460 поени, Ферари има 222, а Мерцедес е трет со 210.