Кошаркарскиот тренер Александар Петровиќ во новата сезона ќе биде на клупата на битолски Пелистер. Ова за него е враќање во клубот во кој го водеше во сезоната 2007/08.
-Целта е јасна, атак на трофеи, но и што подобар пласман во АБА2 лигата. Како што реков, моите амбиции се поклопуваат со оние на управата и верувам дека можеме да стигнеме до најмалку уште еден трофеј во сезоната што следи. Во формирањето на екипата настојуваме да најдеме играчи што би ја прифатиле мојата кошаркарска филозофија, играчи кои се агресивни во одбраната, кои ќе играат брза кошарка преполна со енергија.
-Пред нас се подготовки кои се многу важни, верувам дека ќе влеземе во посакуваниот ритам и уште на почетокот од сезоната ќе го покажеме своето вистинско лице. Во првото коло од АБА2 на домашен терен ја пречекуваме екипата на Широки, меч што ќе биде идеален да се претставиме во вистинско светло и да ги потврдиме на терен амбициите што ги имаме зацртано. Повторувам, јас сум оптимист бидејќи во амбициозен стабилен клуб во кој има простор за работа и за напредок, резултатите нема да изостанат, -вели Петровиќ кој најави нови засилувања.
-Задоволен сум од тимот што го имаме и од засилувањата што ги носиме. Секако, ростерот не е заокружен, неопходни се дополнителени засилувања пред се за борбата под рекетот, работиме напорно на нови потписи и мислам дека во наредните денови ќе биде дополнително засилен играчкиот кадар во Пелистер, -рече стратегот за официјалниот веб сајт на клубот.