Кошаркарската АБА лига почнува во Битола со премиерниот натпревар на домашниот Пелистер против Широки Бријег кој ќе биде одигран во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 18 часот.
Пред натпреварот пред верната битолска публика свое мислење за предизвикот во регионалното првенство, но и за првиот меч против претставникот од Босна и Херцеговина зборуваше стратегот на тимпт од Битола Александар Петровиќ кој верува дека неговиот тим ќе игра атрактивна кошарка, а и дека нема да биде во подредена улога против ниту еден ривал.
„Имаме квалитетна екипа, имам одлична атмосфера и верувам дека уште повеќе ќе напредуваме како што ќе одминува времето. Секое натпреварување е значајно, Пелситер чеврта година е во АБА2, но форматот е нов и поразличен од минатото. Прва цел ни е да ја минеме првата фаза, а потоа и да се бориме за што подобар пласман. Тоа што можам да го кажам е дека ќе играме убава кошарка за око како што беше случајот и на овие подготовки. Во АБА2 секако имаме поголема конкуренција, но тоа што можам да го ветам е дека нема да бидеме во подредена улога против ниту еден ривал. Подготвени сме за да одиме на победа на секој натпревар. Широки е искусна екипа, но пред нашите гледачи имаме свои шанси за победа“, вели Петровиќ.