Кошарка србија

Пешиќ: Лут сум, не добивме респект од судиите

Репрезентацијата на Србија цел меч водеше против ѕвездената селекција на САД, а во финишот на мечот изгубија. Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека не биле респектирани од судиите.

Пешиќ: Лут сум, не добивме респект од судиите

Репрезентацијата на Србија цел меч водеше против ѕвездената селекција на САД, а во финишот на мечот изгубија. Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека не биле респектирани од судиите.

Лут сум, затоа што не добивме респект од судиите. Во Србија има изрека, кој губи има право да се лути. Лут сум, затоа што што не добивме респект од судиите. Тоа морам да го кажам, бидејќи ако најдобриот играч на светот (Јокиќ) за 37 минути шутира четири слободни фрлања, ако нашиот најдобар поентер игра 32 минути и шутира само едно слободно фрлање, тоа значи дека се случувале чудни работи. Не сакам на Американците да им ја оспорам победата, им посакувам среќа во финалето, но вечерва се случуваа чудни работи“, изјави Пешиќ по мечот.

„Секогаш им зборувам на играчите ако молчат, ако се борат судиите ќе ги наградат. Тоа ние го немавме. Така го завршивме величенствениот натпревар. За крај горд сум на тоа како игравме, посебно по мечот со Австралија кога стигнавме 24 разлика. Тоа не чинеше многу сила, меѓутоа видовте колку сме ментално јаки. Успеавме во тоа една или две топки да го одлучат победникот. На крајот горд сум на тоа што го направивме со сите проблеми што ги имавме – Милутинов два дена со температура, исто и Јовиќ. Ни се намали ротацијата, а дадоа колку што можеа. Не барам оправдување, но сакам да го кажам и тоа“, додаде Пешиќ.

To top