Кошаркарите на Пелистер се последниот полуфиналист во Купот на Македонија, откако вечерва славеа над Феникс 2010 со 81:70.
Во полуфиналето од Купот, кој се игра во Битола, Пелистер ќе игра против Еуро Никел кој денеска забележа победа над Чаир со 87:79.
Во второто полуфинале на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ силите ќе ги одмерат актуелниот бранител МЗТ Скопје и неговиот вечен ривал, тимот на Работнички.