Кошарка

Пелистер го победи Кожув, МКК Куманово подобар од Гостивар

Пелистер го победи Кожув, МКК Куманово подобар од Гостивар

КК Пелистер дојде до победа против Кожув каде клучни беа двете тројки на Стојановски, па Пелистер на потежок начин стигна до победа од 92:87.

Брајан Антоан со 21 и Бобан Стајиќ со 17 поени беа лидери на победничкиот тим, додека најдобар играч на натпреварот беше Андреја Стевановиќ од поразениот тим со реализирани 30 поени

Кошаркарите на МКК Куманово стигнаа до втората победа сезонава во домашниот шампионат откако на домашен терен славеа над Гостивар со 71-62 во меч од 5. коло од Првата кошаркарска лига.

Гостите одиграа добро во првиот период и по десет минути игра имаа позитива од четири поени 18-22.

Домаќините одиграа неверојатна втора четвртина во одбраната во која на противникот му дозволија само десет поени, а на пауза заминаа со предност од 36-32.

Во вториот дел кумановци одиграа далеку подобро од својот противник, па на крајот заслужено стигнаа до конечен триумф од 71-62.

Aнтабија Волер со 18 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените тројца играчи завршија со по 15 поени Соколов, Митевски и Комагун.

To top