Кошарка

Патрик Беверли потпиша за Макаби Тел Авив

Патрик Беверли потпиша за Макаби Тел Авив

Познатиот НБА-кошаркар Патрик Беверли, по 15 години, ќе игра во Европа откако потпиша за Хапоел Тел Авив.

Во сезоната 2009/2010 играше за Олимпијакос, потоа, во натпреварувачката сезона 2011/2012, играше за Спартак од Санкт Петербург, па следуваа дури 12 години на највисоко ниво – НБА.

Четири години играше за Хјустон, една година за Минесота, потоа уште една за Лејкерс и за Чикаго, а минатата сезона го носеше дресот на Филаделфија и на Милвоки.

Кошаркарот сега има 36 години и призна зошто повторно ќе игра во европската кошарка.

To top