Кошарка

Паспаљ итно примен во болница и имал операција на срцето

Паспаљ итно примен во болница и имал операција на срцето

Легендарниот кошаркар, Жарко Паспаљ (55) изминатиот викенд итно бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, а потоа и бил опериран на клиника во Белград, Србија.

Паспаљ во саботата бил примен во болница поради аритмија поради што минатиот месец беше кратко хоспитализиран, а операцијата била извршена истиот ден.

Славниот кошаркар двапати имал срцев удар, а во 2017 година преживеа и мозочен удар.

To top