Во рамките од 32 коло во Евролигата кошаркарите на Баерн со 89:74 славеа против Партизан.
За германскиот претставник Едвардс беше најефикасен со 25 поени, а на спротивната страна за српската екипа Џонс имаше „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 10 асистенции.
Партизан по овој пораз ги намали шансите за плеј-ин и сега ќе мора да зависи од резултатите на другите ривали, односно во овој случај Црвена звезда која треба да слави против Реал Мадрид, а „црно-белите“ мораат да одат на победа во двата преостанати дуели против Жалгирис и Реал.
Партизан против Реал мора да победи со поголема разлика од онаа со која загуби во Шпанија. Воедно Ефес не смее да запише ниту една победа бидејќи има подобар скор од Партизан, а и дека Париз нема да оствари три победи во последните три кола. Олимпија Милано пред своите навивачи загуби од Барселона со 88:98.
Кај италијанскиот тим македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на теренот само помина една минута и 41 секунда без никаков учинок.
Се одиграа уште два мечеви: Лион Вилербан – Жалгирис Каунас 88:79, Олимпијакос – Монако 77:80.