Кошаркарите на Партизан забележаа убедлива победа над Макаби Тел Авив од 98:75 на средбата од 19.коло во Евролигата.
Ова за „црно-белите“ беше деветто победа, а лидер во истото беше Браун со 21 поен, 4 асистенции и 3 украдени топки.
Барселона пак дојде до важен триумф на гостински терен кај Париз. Каталонците кои играат со многу осцилации во досегашниот тек на кампањата победија со 90:79, Петмина играчи беа двоцифрени, во прв план беше Ернангомез со дабл-дабл од 23 поени 10 скока.
Кај францускиот претставник за кого ова беше четврти пораз во серија, македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше број еден со 20 кошеви и 4 асистенции.
Останати резултати:
Фенербахче-Анадолу Ефес 84:76
Реал Мадрид-Баерн Минхен 88:76
Панатинаикос-Виртус Болоња 111:90