Кошарка

Партизан конечно триумфира, голема победа за Баерн

Партизан конечно триумфира, голема победа за Баерн

Серијата порази на Партизан во Евролигата конечно заврши. Избраниците на тренерот Жељко Обрадовиќ ја совладаа Алба Берлин во белградската „Штарк арена“ со 85-71 во рамките на 31. коло од Евролигата.

„Црно-белите“ сега имаат скор 16-15 и се враќаат во трката за плеј-офот, додека Алба е последна со учинок 5-26.

Брендон Дејвис беше најефикасен кај Партизан со 22 поени, го следеше Карлик Џонс со 15 поени, девет асистенции и три скока и Исак Бонга со 14 поени и пет скока. Најефикасни кај гостите беа Томас со 16 и Вецел со 12 поени.

Барселона драматично загуби од Баерн Минхен со 101-102. Србинот Лучиќ ги постигна клучните поени за Баерн од линијата за слободни фрлања, а Пантер не успеа да погоди тројка за победи на Каталонците.

Монако дури по продолжение од пет минути го „скрши“ Жалгирис (96-86). Џејмс со 22 и Окобо со 21 поен беа најефикасни во победничкиот ти на Василис Спанулис.

Олимпијакос неочекувано загуби на гостувањето кај Асвел со 81-70. Везенков и Фурние постигнаа по 25 поени за Олимпијакос, но Маледон со 23 и Нандо де Коло со 18 поени донесоа победа за францускиот тим.

To top