Партизан беше надиграни во Белград со 97:65 и со тоа направија голем исчекор наназад во борбата за позициите кои водат во плејин фазата во ова натпреварување.
Гостите ги разбија избраниците на Обрадовиќ уште во првото полувреме со 54:33, а во преостанатите 20 минути само го дотепаа ривалот со што потврдија дека се во посакуван ритам затоа што ова за нив беше четврти триумф во низа.
Томпсон со 19 и Брајант со 18 кошеви беа во прв план, кај поразените тројца играчи реализираа по 11 поени.
Барселона пак влегува во форма кога е најпотребно и оваа вечер дојде до третото славје во серија и тоа против Жалгирис. Каталонците беа подобри во „Палау Блауграна“ со 82:70 и се на петтата позиција пред следната седмица во која имаме двојна програма во Евролигата.
Се издвои Бризуела со 20 поени, најголема поддршка му беа Андерсон со 16 и Пантер со 14 кошеви.