Кошарка

Париз го сруши европскиот шампион, Реал го преживеа Белград (ВИДЕО)

Париз го сруши европскиот шампион, Реал го преживеа Белград (ВИДЕО)

Ти-Џеј Шортс со неговиот Париз оствари голема победа над Панатинаикос од 101:98 на вечерашниот натпревар од 32. коло во Евролигата.

Гостите од Франција имаа апсолутна контрола на резултатот и играта три четвртини, домаќините се вратија и се заканија во завршниот период, но клубот од Париз го издржа притисокот и му зема мерка на актуелниот европски шампион.

Македонскиот репрезентативец Шортс одигра на високо ниво или поточно беше на чекор од трипл-дабл, реализираше 20 поени со 9 скока и 14 асистенции. Кај домаќините се издвои Нан со 22 кошеви, 8 скока и 9 асистенции.

Реал Мадрид пак го преживеа пеколот во Белград и славеше над Црвена Звезда со 78:72. Таварес запиша дабл-дабл од 14 поени и 10 скока, двоцифрени пак беа Кампацо и Љуљ со по 11 кошеви, кај поразените залуден беше учинокот на Милер Мекинтајер од 24 поени.

Резултати:

Анадолу Ефес-Макаби Тел Авив 90:88

Фенербахче-Басконија 82:77

Алба Берлин-Виртус Болоња 64:108

 

To top