Ден по одигрувањето на евролигашкиот натпревар помеѓу Фенербахче и Панатинаикос, грчкиот клуб испратил официјална жалба до Евролигата за однесувањето на навивачите на турскиот тим и нивното истакнување на знамето на Северен Кипар.
Помеѓу Грција и Турција владее повеќедецениски спор за островот Кипар кој е поделен на два дела – северен и јужен со мнозинство на Турци, односно Грци.
Северниот дел на островот прогласи и независност која е призната само од страна на Турција.
Северен Кипар има и свое знаме кое беше истакнато зад записничката маса, што претставува проблем за грчкиот тим.