Екипата на Панатинаикос е првиот финалист на „фајнал-форот“ во Евролигата. Во првото полуфинале одиграно во Берлин „зелените“ беа убедливи против Фенербахче и славеа со 73-57.
Пресметката меѓу грчкиот и турскиот гигант започна со задоцнување од половина час, а причината за тоа беа нередите кои се случија непосредно пред натпреварот, а во главна улога беа навивачите на двата клуба.
Нередите започнаа уште на улиците во Берлин, а потоа и пред влезовите на арената, па затоа организаторот беше приморан да го пролонгира стартот на натпреварот.
Лесорт со 17 поени беше најпрецизен кај победничкиот тим, додека за Фенер прв поентер беше Хејс (14). Во второто полуфинале вечерва ќе се сретнат екипите на Олимпијакос и Реал Мадрид.