Кошарка

Панатинаикос ќе потпише со Омер Јутсевен

Панатинаикос ќе потпише со Омер Јутсевен

Европскиот кошаркарски шампион Панатинаикос само детали го делат од промоција на второто големо засилување оваа лето, а тоа е турскиот центар Омер Јутсевен кој според информациите на грчките медиуми ќе потпише двегодишен договор со клубот од Атина.

Според договорот 26-годишниот центар висок 213 сантиметри ќе заработи еден милион евра за престојната сезона, но постои можност и да го напушти клубот со откупна клаузула по крајот на сезоната 2024/25.

Јутсевен пристигнува во главниот град на Грција на желба на тренерот Ергин Атаман кој со поранешниот кошаркар на Јута и Мајами соработуваше во турската репрезентација.

To top