Турскиот кошаркарски тренер Ергин Атаман со грчки Панатинаикос ја освои Евролигата и титулата во домашното првенство.
Тоа ќе му донесе и нов договор, потврди претседателот на клубот, Димитрис Јанакопулос.
„Кога целиш на пет последователни евролигашки титули и кога сакаш да го престигнеш Реал, тогаш ги „заклучуваш“ сите играчи кои ти требаат, а мораш и да обезбедиш маестро да биде постојан жител на Атина во годините кои следат“, напиша Јанаколупос на социјалната мрежа „Инстаграм“.