Кошарка

Панатинаикос доведе големо засилување

Панатинаикос доведе големо засилување

Натурализираниот шпански плејмејкер, Лоренцо Браун, веќе слета во Атина и наскоро се очекува да потпише договор со „детелинките“, откако ќе ги мине задолжителните медицински прегледи.

33-годишниот Браун даде кратка изјава на атинскиот аеродром и рече дека верува во проектот на ПАО, а воедно изрази задоволство што ќе има можност да соработува со искусен тренер како Атаман.

„Дојдов во Атина да ја освојам Евролигата. Чест е да играм за овој славен клуб и пресреќен сум што ќе соработувам со Ергин Атаман. Се надевам дека со моите игри ќе придонесам за уште една успешна сезона на Панатинаикос“, рече плејмејкерот.

To top