Орландо меџик го победи Мајами хит во четвртфиналниот натпревар од НБА Купот со 117:108.
Дезмонд Бејн со 37 поени го предводеше Орландо до триумфот.
Клучна за исходот на натпреварот беше втората четвртина која домаќините ја добија со 39:27.
Во полуфиналето, Орландо ќе се соочи со Њујорк никс кој ноќеска славеше во Канада против Торонто репторс со 117:101. Клучната разлика гостите ја направија во вториот период кој го решија во своја полза со 34:13.