Дуелот на Шибенка и Динамо (82-75) во рамките на осмото коло на Првата лига во Хрватска имаше навистина лош крај.
Иако веќе сè беше решено, на теренот дојде прво до вербален дуел на Јосип Јукич и Карло Микшиќ. Прво имаше туркање, па следеше фаќање за врат од страна на Микшиќ. Тогаш се замешаа и соиграчите и настана општ хаос.
Туркањето прерасна во тепачка, толпата се движеше и дојде до трибината каде тоа го искористија неколку навивачи кои исто така „поделија“ по некој бокс во мешаницата.