Онуралп Битим би можел наскоро да се врати во Европа со оглед на тоа што офиијално е слободен играч откако Чикаго Булс го раскинаа неговиот договор.
Сега 25-годишникот настапи на 23 натпревари минатата сезона бележејќи скромен просек од 3.5 поени и 1.4 скокови по натпревар за 11.7 минути поминати на паркетот во регуларниот дел од сезоната по што мораше да го пропушти плеј-офот поради повреда на окото која го испрати и на операција.