Во првиот натпревар од Ол стар програмата во СРЦ „Кале“ во Скопје, играа македонските надежи од М20 лигата. По голема борба, победата ја однесе екипата насловена како „Next Step“ која беше подобра од онаа која настапи под името, „Next Generation“ (131:125).
За најдобар кошаркар беше прогласен играчот на Вардар, Дамјан Данев, кој оствари 41 индексен поен. Тој за 18:46 минути поминати на паркетот, постигна 36 поени (1/3 за три поени, 16/17 за два поени и 1/2 за еден поен), плус осум скока и една асистенција.
Програмата беше збогатена и со два дополнителни натпревари. Оние во шутирање три поени и во забивање.
Наградата за најдобар шутер за три поени ја однесе Григориј Ѓорѓевиќ од екипата на Вардар, додека пак најдобар кај забивачите беше Дамјан Стојановски од екипата на Феникс 2010. (МИА)