Екипата на Оклахома Сити тандер славеше победа против Голден Стејт вориорс со 130-123, по продолжение од пет минути, во најинтересниот натпревар во НБА лигата одигран рано утрово.
Јунак на гостите беше дебитантот (втор пик на драфтот во 2022, а ја пропушти целата претходна сезона) Чет Холмгрен кој постигна 36 поени, што е негов рекорд во кариерата.
Ендрју Вигинс погоди тројка за Воините на 1,6 секунди до крајот, и кога публиката се понадева дека тимот ќе ја прекине серијата порази, со звукот на сирената дојде шокот и лудата тројка на Холмгрен.
За истакнување се и победите на Минесота над Њу Орлеанс од 121-120 во меч на кој Пеликанс водеа со 10 поени разлика по три четвртини, и триумфот на Милвоки против Далас од 132-125, каде Адетокумбо даде 40 поени, а кај гостите Ирвинг 39 и Дончиќ 35.
На овој меч Бакс последната четвртина ја добија со 43-27.
WIGGINS THREE TAKES THE LEAD AND THEN CHET THREE SENDS IT TO OT 😱
WHAT A GAME pic.twitter.com/zMhBXpcEx5
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 19, 2023