Кошаркарите на Јужен Судан дојдоа до победа од 90-79 над Порторико во рамките на машкиот кошаркарски турнир на Олимписките Игри.
Откако на полувремето беше 54-48 за Порторико, сепак, веднаш на почетокот на третиот период Јужен Судан го направи пресвртот и предноста ја задржа до крајот.
Не беа доволни ниту 26 поени на Алварадо од Порторико кој блексаше. Кај Јужен Судан најефикасен беше Џонс со 19 поени.