Кошарка

Одредени официјалните лица за дуелите на кошаркарите со Литванија

Одредени официјалните лица за дуелите на кошаркарите со Литванија

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за наредните два натпревари од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година, односно натпреварите од групата Х во која е и нашиот сениорски национален тим.

На натпреварот од третото коло, Македонија – Литванија, кој се игра на 21 ноември во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (од 18:00 часот), правдата ќе ја дели судиската тројка: Мануел Мазони (Италија), Мартин Хорозов (Бугарија), и Герт Јакобс (Белгија). Во улога на делегат е Хамит Турам од Турција.

На оној наредниот, закажан за 24 ноември (19:30 часот), кој нашите најдобри кошакари ќе го одиграат во градот Клаипеда, по вторпат против репрезентацијата на Литванија, како официјални лица-судии, ќе бидат: Мартинс Козловскис (Летонија), Николас Маестре (Летонија), и Карстен Штраубе (Германија), а делегат е Германецот Винфрид Гинтчел.

To top