Кошарка

Одобрено проширување на НБА лигата

Одобрено проширување на НБА лигата

Едногласна одлука на сите 30 актуелни сопственици на НБА кошаркарски клубови даде зелено светло за преговори со заинтересирани инвеститори во Лас Вегас и Сиетл.

Легендарните зелени дресови на Сиетл суперсоникс повторно би можеле да ги видиме на терените низ НБА.

Сопствениците на 30-те НБА клубови, кои го сочинуваат Одборот на гувернери на лигата, едногласно одлучија да започнат со разгледување на проширувањето на лигата за два тима и можноста за клубови за градовите Сиетл и Лас Вегас.

Суперсоникс се натпреваруваа во лигата од 1967 до 2008 година, пред клубот да се пресели во Оклахома сити и да го добие прекарот Тандер откако беше купена од група инвеститори од Оклахома во 2006 година.

Лас Вегас немаше НБА тим, но во последниве години овој град во државата Невада доби два тима во четири од најпопуларните американски спортови. Градот е дом на Лас Вегас рејдерс, кои играат во НФЛ, најдобрата лига во светот во американски фудбал, како и на Голден најтс, кои се натпреваруваат во НХЛ.

To top