Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со триумф од 96-68 над Украина го почна Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.
Момчињата на селекторото Александар Јованчев уште од самиот почеток тргнаа фуриозно, по првите десет минути предноста за Македонија беше двојна, 28-14. Во ист стил го продолживме целиот меч и на крајот славевме со 96-68.
Најефикасен во нашата селекција беше Цветковски со 22 поени, Данев запиша дабл-дабл со 14 поени и 11 скокови. Терзиевски даде 11 поени, а Ефтимовски и Стојановски по 10. Македонија го игра следниот меч против Шведска на 10 август од 18.30 часот.