Кошарка

Од 2027 година: НБА и Евролига ја најавуваат заедничка лига!

Од 2027 година: НБА и Евролига ја најавуваат заедничка лига!

НБА лигата и Евролигата ќе креираат заедничка лига.

Ова доаѓа откако најавите се дека Евролигата и НБА ќе одржат заеднички состанок на кој една од темите ќе биде потенцијалното создавање заедничка лига.

Според информациите со кои располага „Еурохупс“, на повидок е нов состанок на Евролигата и НБА лигата.

Постои надеж дека можеби би можел да се постигне историски договор меѓу двете лиги. Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, истакна дека сака да соработува со Евролигата, а новиот директор на Евролигата, Чус Буено, исто така, му подаде рака во насока на Силвер. Проектот НБА Европа треба да започне во 2027 година, но прашањето е дали ќе започне самостојно или во соработка со Евролигата.

Во меѓувреме, одборот на Евролигата ќе се состане на 14 април за да одлучи за евентуално проширување и нов формат за следната сезона.

Доколку се најде заеднички јазик меѓу НБА и ФИБА, ќе се формира лига со дури 24 екипи. Договорот би можел да означи крај на деценискиот јаз меѓу УЛЕБ и ФИБА.

To top